Јапонско јаболко

japonsko

Во нашава држава јапонското јаболко  по површина и продукција на квалитетни плодови е најзастапена овошна култура со тенденција на проширување, засадено е на околу 65 ха со вкупна годишна продукција над 2.000тони.   Јапонското јаболко досега не беше субвенционирано и немаше производство на квалитетен и сертифициран посадочен материјал што беше и останува еден од најголемите проблеми за користење на средствата од субвенциите.

Јапонското јаболко е овошје кое целосно се вклопува во принципите на органско производство, а одгледувачите на оваа атрактивно овошје по овој принцип поседуваат сертификат за органско производство и гаранција за безбедна храна. Тоа го прави јапонското јаболко се повеќе барано на пазарите во Европската унија, а последните години во Русија, Украина и други источно европски држави. Плодот од јапонското јаболко е со исклучителна хранлива и лековита вредност, содржи многу корисни состојки: гликоза, фруктоза, јаболкова киселина, пектински материи, танини, каротиноиди, протеини, витамини А, Б, Е и Ц, јод, железо, минерални материи и др. Консумација на плодови од јапонско јаболко делува поволно против скорбут, малокрвност, стомачни заболувања, залечување на рани и друго, претставува и диетален производ и како афродизијак. Со векови е нарекувано ХРАНА НА БОГОВИТЕ.

Постојат повеќе сорти кои се групирани во две групи: астригентни и неастригентни, односно едните можат да се консумираат веднаш по бербата и другата група плодовите се консумираат покасно со дозревање.

И кај астригентните сорти постојат поединечни плодови на иста овошка кои може веднаш да се консумираат, што е веројатно резултат на опрашувањето.

Јапонското јаболко е доста профитабилно производство и затоа е неопходно од здружување на земјоделците во изградба на сместувачки капацитети.

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress