Слива

слива1Сливата припаѓа во родот Prunus во кој се застапени 29 вида сливи од кои 14 се претци на денешните сорти сливи. Со спонтано вкрстување и планска хибридизација досега се создадени преку 2500 сорти на сливи.Како и другите овошни растенија и сливата може да расте во различни почвени типови, но за добри резултати потребни се потопли почви. Влажни и тешки почви не се добри, бидејки одпаѓаат заврзоците, се јавува хлороза, гниење на коренот.

Се развива успешно на местоположи со надморска височина од 600-700 метри Поголеми по површина насади со сливи можат да се создадат на терени со максимален наклон 12-15%.

Растојание на садење. Сливи се садат на растојание во редот од 4 до 5 метри, а меѓу редови од 5 до 7метри.
Сливата е светлољубиво растение, но во помала мера од другите коскести овошни видови-кајсија, праска, цреша, вишна. Недостигот на влага има негативно влијание врз развојот на садниците, овошјето останува ситно а лисјата пожолтуваат. Во првите 4-5 години по садењето главната цел е да се изгради здрав скелет на круната и придаваат на одредена форма, што е фактор за оптимален раст и годишно обилно плододавање.
За поголеми овошни насади консултирајте се со нас.

Лиценцираниот расадник Агрокласик ви нуди неколку сорти на сливи:

A (4)
БЛЕК СТАР
Рок на зреење: 15-20 Јули
Опрашители: Блек Дајмонд, Анџелино, Фриар
Плодови: Mногу големи, просечна тежина 80-90 грама

BlackDiamond
БЛЕК ДАЈМОНД
Рок на зреење: 15-20 Август
Опрашители: Блек Стар, Фриар
Плодови: Mногу големи, просечна тежина 90-100 грама

A (5)
АНЏЕЛИНО
Рок на зреење: 15-25 Септември
Опрашители: Блек Дајмонд, Фриар, Санта Роса
Плодови: Mногу големи, просечна тежина 90-100 грама

A (7)
СТЕНЛИ
Рок на зреење: 5-10 Септември
Опрашители: Оваа сорта е добар опрашител, самофертилен
Плодови: Големи, просечна тежина 35 грама

santa rosa
САНТА РОСА
Рок на зреење: 20-30 Јули
Опрашители: Блек Дајмонд, Фриар, Анџелино
Плодови: Големи до многу големи

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress