Рибизла

рибизла1Рибизлите спаѓаат во овошни видови со најголема отпорност на ниски зимски температури. Таа издржува ниски температури и до -30°C. Поради тоа рибизлите се одгледуваат не само во умерено континетална туку и во посурова клима во северните подрачја. На ниска температура се најосетливи едногодишните гранчиња, потоа двогодишните и на крај постарите гранки, а најотпорни се пупките. Длабокото зимско мирување кај рибизлите трае многу кратко, поради што напролет потерува многу рано. Цветовите кај рибизлите издржуваат и до температура од -5°C. Најпогодни реони за одгледување на рибизла се оние со средно летни температури од 17 до 18°C. Во нашата земја вакви температурни услови има на поголеми надморски висини, над 700 м. Од секој вид рибизли постојат поголем број на сорти. Поради непостоењето на поголем интерес за подигање насади од оваа култура засега немаме некои поголеми искуства за сортиментот. При предлагањето на сортиментот за оваа култура ги користиме искуствата од соседните земји и од земјите каде оваа култура има поголемо стопанско значење.

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress