Праска

праска1Кина е дом на праски. Оваа земја смета дека ова овошје е симбол на долговечноста, односно „еликсир на младоста“ . Праската наоѓа широка примена во традиционалната и народна медицина бидејќи соджи многу корисни компоненти. Нејзината стопанска предност е : рано прородува, добро раѓа, овошките се ниски и лесно се берат и доста е издржлива на суша. За успешно одгледување на праска потребни се лесни, длабоки и плодни почви. Анализта на почвата треба да се спроведе пред секое подигнување на нов насад и на секои пет години во текот на одгледувањето. Од физичките и хемиските својства на почвата зависи и изброт на подлогата. При изборот на подлогата треба да се имаат предвид следниве карактеристики: отпорност на болести и штетници; адаптибилност на почвено-климатските услови; добро вкоренување; долговечност; погодност за интензивни системи на одгледување; обезбедување на постојана и квалитетна родност. Изборот на подлогите зависи од видот,адаптацијата на почвените услови и особините на растението.

Се препорачуваат сорти со средно доцен до доцен период назреење, со што ќе се овозможи поголема конкурентност на производот на европскиот пазар. Наводнување – Се препорачува наводнување по методот „капка по капка”. Наводнувањето треба да се спроведе во критичните периоди како што се плодоносењето, фазата на прошарок, зреењето и по бербата . Обработка на почвата – Се препорачува затревување на меѓуредовото растојание. Употребата на хербициди во редовото растојание да се применува по третата година од засадувањето на овошките. Редовото растојание до третата година да се окопува. Врз основа на направена анализа на почвата се дава препорака за количествата и времето на апликација на одредени дози на ѓубрива.
Праската прородува релативно рано на 2-3 години од садењето.

Растојание на садење:
При вретеновидна круна праската се сади на растојание 4 х 2-3 метри или 4,5 х 2-3 метра.
При чашовидна круна се сади на растојание од 5 х 4 метри, 4 х 4 метри или 4 х 3,5 метри.

За поголеми овошни насади консултирајте се со нас.

Лиценцираниот расадник Агрокласик ви нуди неколку врсти на праски:

A (1)
РЕД ХАВЕН

Рок на зреење: 20-25 Јули
Опрашители: Оваа сорта е самоопрашител
Плодови: Големи до многу големи, просечна тежина од 150-180 грама

A (2)
ХАЛЕ

Рок на зреење: 15-25 Август
Опрашители: Оваа сорта е самоопрашител
Плодови: Многу големи, просечна тежина околу 200 грама

A (4)
СОМЕРСЕТ

Рок на зреење: 25-30 Септември
Опрашители: Оваа сорта е самоопрашител
Плодови: Многу големи, просечна тежина од 160-180 грама

ROYAAL
РОЈАЛ ГЛОРИ

Рок на зреење: 15-25 Јуни
Опрашители: Оваа сорта е самоопрашител
Плодови: Големи

66309a
СПРИНГ

Рок на зреење: 20-30 Јуни
Опрашители: Роjaл Глори, Симфониja, Ред хавен
Плодови: Средно големи

o_henry
ТАРДИБЕЛЕ

Рок на зреење: 20-30 Септември
Опрашители: Оваа сорта е самоопрашител
Плодови: Средно големи

A (3)
ФАЈЕТ

Рок на зреење: 25-30 Август
Опрашители: Оваа сорта е самоопрашител
Плодови: Многу големи, просечна тежина околу 200 грама

dsc_0021
РИШ МЕИ

Рок на зреење: 5-10 Јуни
Опрашители: Симфонија, Спринг Беле, Ројал Глори
Плодови: Големи

wiggins
МЕИКРЕСТ

Рок на зреење: 15-20 Јуни
Опрашители: Спринг Беле, Ред хавен,Риш Меи
Плодови: Средно големи до големи

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress