Малина

малина1Малината е фино овошје со инзвореден вкус и арома, со висока хранлива, диетална и лековита вредност. Непостои човек за кој малината не е корисно овошје. Плодовите од малини се инзвонредна сировина за преработка. Малината е овошје со голем асортиман на преработки, а замрзнатите плодови можат да се употребуваат во текот на целата година. Во последно време плодовите од малина се повеќе се бараат за консумација во свежа состојба во текот на подолг период од годината. Малината после јагодата има најголемо стопанско значење во групата на јагодесто овошје. Светското производство во последните неколку години изнесува околу 350 илјади тона со тенденција за понатамошен пораст. Малината има повеќе предности во однос на другите овошни растенија. Лесно се размножува. Рано започнува со плодоносење – прородува во втората година а полно плодоносење го достига веќе во третата година, на тој начин брзо ги враќа вложените инвестиции. Малината се прилагодува на различни климатски и почвени услови и може да се одгледува и на надморска висина од 1000 до 1200 м.

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress