Лешник

лешник1Лешник во систематика на растенијата спаѓа во фамилија на Betulaceae, род Corylus во кој се наоѓаат 22 вида на лешници кои можат да бидат џбунести и стеблести. Поголемиот број видови се џбунести и достигаат големина до 6 метри а само 3 вида формираат стебло чија висина може да достигне и до 25 метри. Лешникот е со еднополов и омно влијание врз отпорност на ниски температури. Сортите кои потекнуваат од Corylus pontica и Corylus maxima се прилагодливи на потопла клима и поголема релативна влажност на воздухот, а поради тоа се поосетливи во реони со медитеранска клима. Додека сортите од лешник кои потекнуваат од Corylus avelana (римски, халски, барцелонски и др.) помалку се осетливи на ниски температури и за тоа се распространети на поголема географска ширина. За најосетливите сорти на ниски температури, како критериум за можноста за успешно одгледување на лешник се смета температура не пониска од -15 °С иако има сорти што издржуваат температура и до -25 °С. Во однос на доцните пролетни мразеви лешникот е многу поотпорен од другите овошни видови. Лешник е еднодомно растение што значи дека цветовите се посебно машки, посебно женски но се наоѓаат на исто растојание. Машките цветови се во вид на реси, а женските се во вид на пупка а во времето на цветањето се гледаат само црвените жигови. Плодовите од лешник се наоѓаат во зелена обвивка – купола која во зависност од видот може да биде испод врвот на плодот, во висина на плодот или изнад врвот на плодот. Лешник спаѓа во најотпорни овошни видови на зимски ниски температури.

КАРАКТЕРИСТИКИ: Кореновиот систем е добро развиен, силно разгранет иако најголемиот дел се наоѓа на длабочина од 20-40 см. Плодовите се собираат во групи. Прородувањето започнува по 2 или 3 година. Средно од грмушка се добиваат околу 10-12 кг лешник. Оптимални приноси се добиваат по 6-та година. Лешник е топлољубиво и влагољубиво растение. Најповолни се области со надморска височина над 600 метри, но успева и височина од 0-1200 метри. Соодветни почви за лешникови насади се песокливо-глинести, наносни или хумусно-карбонатни почви. Лешник може да издржи температура од минус 25-30 ° c .

САДЕЊЕ: Растенија од лешник се садат на растојание од 3х3 или 3х4 метри.

За големи овошни насади консултирајте се со нас.

Лиценцираниот расадник Агрокласик ви нуди три видови на лешник:

rimski 3
РИМСКИ
Рок на зреење: 15-30 Август
Опрашители: Бадемовиден и Ран Трапезунски
Плодови: Големи, тежина 2.7 грама
Тежина на јатката: 43-48% од тежината на плодовите

ran-trap 5
РАН ТРАПЕЗУНСКИ
Рок на зреење: 20-30 Јули
Опрашители: Бадемовиден, Римски и Ата Баба
Плодови: Големи, овални и со заострени врвови
Тежина на јатката: околу 60% од тежината на плодовите

tonda j
ТОНДА ЏЕНТИЛЕ
Рок на зреење: 15-30 Август
Опрашители: Римски, Ран Трапезунски и Ата Баба
Плодови: Средно големи, тежина 2.5 грама
Тежина на јатката: 53-55% од тежината на плодовите

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress