Круша

крушиКрушата спаѓа во родот Pyrus од семејството Rosaceae. Крушатa е нежен традиционален плод, кој присуствува речиси цела година на пазарот. Содржи помалку киселини, поради што е послатка од својата соперничка по популарност – јаболкото. Исклучително богата е со растителни влакна, кои ја претвораат во идеален сојузник на секоја диета, а исто така го намалуваат и високото ниво на холестерол,што е исклучително добра вест за луѓето изложени на ризик од атеросклероза ,срцеви болести и дијабетес. Расте на различни почви но со доволно хранливи материи.

Круша е високо растечки овошен вид и калемен на семе МАТ може да развие круна до 15 и повеќе метри височина. Долговечноста и достигнува од 40-60 години, а во некои случаи од 80-100 година калемена на подлога од дуња развиваат круни најмногу од 3-4 метри и долговечноста им е околу 20-30 години. Кај овие подлоги почетокот на прородувањето е до 2-та година, а кај семените подлоги од 5- 6 година. Приносите од едно дрво се околу 100-200 кг, но можат да достигнат и до 300-400.Од еден декар можат да се добијат годишен од 1500 до 3000 кг. Културните сорти во зимскиот период издржуваат најмногу од минус 26-28 ° Ц Некои сорти, кои потекнуваат од континентална зона, издржуваат и до минус 30 ° С. Високите летни температури предизвикуваат пригори по листовите и плодовите.

Растојание на садење на круша.
Крушата калемена на подлога дуња, и формирани како вретено се садат на растојание 4х2 или 4х2, 5 метра.
При формирање на слободно растечка или поточно спрата круна растојанието е 4х3 или 4 х3, 5 метри.
Кога крушата е калемена на дива подлога оддалеченоста на садење е голема.

Лиценцираниот расадник Агрокласик ви ги нуди следните врсти на круши:

A (8)
УБАВА ЈУНСКА
Рок на зреење: 15-25 Јуни
Опрашители: Вилјамова Масловка, Пас Красан, Попска круша
Плодови: Средно големи до големи, просечна тежина 80-100 грама

pear-williams-bon-cretien-pear-tree-pyrus-communis-498
ВИЛИЈАМС
Рок на зреење: 15-20 Август
Опрашители: Абат Фетел, Боскова Масловка, Пас Красан
Плодови: Големи, просечна тежина 200 грама

A
САНТА МАРИЈА
Рок на зреење: 15-20 Јули
Опрашители: Боскова и Вилјамова Масловка, Пас Красан
Плодови: Многу големи

Highland
ХАЈЛАНД
Рок на зреење: Крај на Август
Опрашители: Конференција, Боскова Масловка, Пас Красан
Плодови: Големи, просечна тежина 200 грама

A (1)
АБАТ ФЕТЕЛ
Рок на зреење: 10-20 Септември
Опрашители: Клапов љубимец, Пакхамс триумф, Пас Красан
Плодови: Големи до многу големи, просечна тежина 180 грама, често достигнуваат и 200-300 грама

konferencia
КОНФЕРЕНЦИЈА
Рок на зреење: 20-30 Септември
Опрашители: Клапов љубимец, Пакхамс триумф, Пас Красан
Плодови: Големи

A (2)
ПОПСКА КРУША
Рок на зреење: 1-10 Октомври
Опрашители: Клапов љубимец, Вилјамова Масловка, Пас Красан
Плодови: Големи до многу големи, просечна тежина 180-250 грама

A (9)
ПАС КРАСАН
Рок на зреење: 20-30 Септември
Опрашители: Жифардова Масловка, Вилјамова Масловка и Хардиева Масловка
Плодови: Големи до многу големи, просечна тежина 250-300 грама

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress