Костен

костен1Питомиот костен во природна популација вo Македонија е раширен на неколку локации и тоа: дебарско-струшкиот регион, гостиварско-тетовскиот регион, кичевско-бродски регион и битолско-прилепски регион, а во скопскиот регион е распространето во северната страна на планината Водно и на југозападна страна на Скспска Црна Гора, потоа во струмичкиот регион на северната страна на планината Беласица и на други локации но во помали размери. Во природни асоцијации костенот се размножува со изданоци и со семе. Во расадниците може да се калеми на семенци добиени од семе на питом костен. Овошките добиени по пат на калемење прородуваат многу побрзо во споредба со овошки настанати од семе.

Одгледувањето на костенот има многу позитивни страни како што се: долговечна култура, овошките постигаат старост и над 500 години, имаат одлична родност, има мал број на природни непријатели (болести и штетници), ако се одгледува во поволни еколошки услови може да се одгледува и без никаква заштита. Плодот до костенот има голема биолошка вредност. Костенот содржи скроб од 38 до 42%, шеќер од 22 до 29%, масти од 3.0 до 7.2%, белковини 5.2 до 5.8%, целулоза од 1.6 до 2.8%, минерални материи од 0.98 до 2.1%, витамин С од 10 до 37 мг/% и други корисни материи.

Плодовите на костенот созреваат на крајот на октомври. Тие се транспортабилни, лесно манипулативни, и може да се чуваат долго време. Плодовите може да се користат за свежа употреба но и во разни видови кондиторски производи. Костенот претставува одлична пчелна паша. Од котата на плодовите и листовите се добиваат танини кои имаат многу струко значење во прехрамбена, фармацевска индустрија и во индустријата за намештај. Дрвото од костен има одличен квалитет за користење во градежништвото и како техничко дрво. Стеблото од костен достига големи размери, со разградена круна и декоративен изглед и поради тоа има голема примена во пејсажната архитектура како украсно растение.

Лиценцираниот расадник Агрокласик ви нуди три видови на костен:

mavral 1
МАРАВАЛ
Рок на зреење: 10-20 Октомври

monte marano
МОНТЕ МАРАНО
Рок на зреење: 10-20 Октомври

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
КОСТЕН-КРУПНОПЛОДЕН
Рок на зреење: 10-20 Октомври

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress