Капина

капиниКапината е деликатесно овошје со голема хранлива, диететска, профилактична, лековита и заштита вредност. Плодовите се богати со шеќери, органски киселини, витамини, обоени материи, пектини и минерални состојки. Плодовите можат да се користат за потрошувачка во свежа состојба, за домашна и индустриска преработка, а како замрзната може да се користи во текот на целата година. Капината со своите биолошки и производни карактеристики е доста рентабилна јагодеста овошна култура. Предностите на оваа култура произлегуваат од тоа што: лесно и брзо се размножува, едноставно и лесно се одгледува, брзо почнува да плодоноси (во втората година), а од трета година редовно и обилно раѓа. Вработува многу работна рака особено за берба. Добро успева во планински подрачја со нешто потопла клима. Не е преосетлива кон болести и штетници. Плодовите постигаат висока цена. Производството на капина во Светски рамки изнесува од 150 до 200 илјади тона. Најголем светски производител се Соединетите Американски Држави.

Агрокласик ви ги нуди следниве видови на капина: Цестер, Лох нес и Чачанска.

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress