Гоџи Бери

гоџи-бериШТО Е ГОЏИ БЕРИ ???

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е еден – поткаснувајте дури помалку од егзотичниот плод гоџи бери, велат од лечител.

Татковината на растението гоџи бери е Кина и Хималаите, но за неколку години таа е хит меѓу Европејците и Американците Европските и американските научници го сметаат за овошје на векот. Истражувањето потврдило дека Гоџи бери плодовите содржат 18 аминокиселини кои се неопходни за организмот, 21 минерал, сите главни и споредни витамини и останати состојки потребни за јакнење на имунитетот на организмот кои се предуслов здрав и долг живот на човекот.

Силните антиоксидантни својства од гоџи бери го прават суперхрана која ќе ви подари многу здравје и подобар животен тонус.Лековитите квалитети доаѓаат и од големото количество полисахариди. Тој влијае исклучително позитивно кај кардиоваскуларните болести, воспаленија, очни проблеми и пречки на нервниот систем.Поради неговите квалитети тој го стимулира метаболизмот и од него килцата се топат побрзо и здраво.

Гоџи Бери го забавува и процесот на стареењето, го намалува високиот крвен притисок и чува од различни алергии. Годжи Бери може да се конзумира директно или по натопување во млака вода за околу 10 минути или тој се суши до коинсиденција блиска до онаа на сувото грозје и се консумира.

Расте: во вид на грмушка достигнува висина од 2,5 до 3 м, и ширина до 2м, а плодовите се црвени со должина од 1до2см бобинките по вкус подсекаат на грозје, а од бобинките се прават чаеви, сирупи, сокови, ликери, како додаток се користи во вино, јогурт, храна и салата.

Нормална доза е помеѓу 10 и 30 грама дневно, поделено на три дози.

Освен како овошје Годжи Бери се користи и за жива ограда и декорација во дворови.

Гоџи бери е исклучително отпорно растение! може да се одгледува од 400-1 200 метри надморска височина! Непретенциозно растение кое со успех може да се одгледува на секаков вид почви, од глинести до песокливи и сиромашни почви , на почви со алкална и кисела реакција. Најдобро се развива на сончеви места заштитени од силните ветрови. Гоџи бери поднесува силни суши и прекумерн наводнување издржува температура од -40 до+40 . Бојата на плодот е бледо виолетова до црвена со долго гранче, а убави плодови се појавуваат во пазувите на листовите. Цветовете на гоџи бери се појавуваат порано во текот на летото, а плодовите се берат до касно во зима.

Растојание на садење: 3×2, 2.5×1.5

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress