Бадем

бадемБадемот е еден од најстарите овошни култури. Бадем е овошка или грмушка со височина од 5 до 7 м, понекогаш и повеќе. Бадем е светлољубиво, брзорастечко растение, кое е отпорно на сушни услови. Кон почвени услови не е голем пробирач. Цветовите се мали до крупни, бели до розево-бели, поединечни, двополови, но се страноплодни. Плодовите од бадем имаат разновидна форма и големина. Лушпата на плодовите варира по обоеност, цврстина и набразденост на површината. Јатката е слатка или горчлива, се оделува од лушпата. Јатката од бадем најчесто е поединечна, поретко двојна, богата со масла. Рандманот на јатките на бадем е различен и изнесува 40 до 50% и повеќе.

© 2017: Агрокласик. Сите права се задржани. | Изработено од Elite Web.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress